Турскиот репрезентативец Ѓулер со мега трансфер во Реал Мадрид

Турскиот репрезентативец Ѓулер со мега трансфер во Реал Мадрид

Арда Ѓулер во наредните шест сезони ќе го носи белиот дрес на „Бернабеу“
Арда Ѓулер е нов член на кралскиот клуб од Мадрод / Фото: AA

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер ќе го носи дресот на мадридскиот фудбалски клуб Реал Мадрид во следните шест години, соопшти клубот, пренесува Анадолу.

Истанбулски Фенербахче, чиј член беше Ѓулер, потврди дека турскиот играч од средниот ред, за 20 милиони евра со дополнителни 10 милиони во зависност од учинокот, преминал во Реал Мадрид.

Арда Ѓулер во својата проштална порака до навивачите на Фенербахче порача дека „секогаш ќе му бидат во срцето“.

AA
Популарни