„Операцијата „World Cup Shield“ има за цел преземање на неопходните мерки против различни закани, особено тероризмот, кои можат да влијаат на безбедноста на организацијата“, се наведува во меморандумот.     Фото: АА

Турскиот Парламент го ратификуваше предлогот за испраќање трупи во Катар за да помогнат во јакнење на безбедноста во текот на Светското првенство во фудбал 2022 година.

На барање на Катар, во саботата , до Парламентот е доставен предлог војниците да се распоредат во Катар на шест месеци поради обезбедување во текот на фудбалското натпреварување кое се одржува во ноември.

„Операцијата „World Cup Shield“ има за цел преземање на неопходните мерки против различни закани, особено тероризмот, кои можат да влијаат на безбедноста на организацијата“, се наведува во меморандумот.

Наведено е и дека елементите на турските вооружени сили кои ќе бидат распоредени ќе бидат под националната команда во текот на целата задача.

Освен Туркије, САД, Франција, Велика Британија, Италија и Пакистан исто така ќе пружат воена поддршка за да придонесат за безбедноста на Катар во текот на натпреварувањето.

AA
Популарни