Улиците на Баку седми пат претворени во патека пред трката во Формула 1 / Photo: AA

Азербејџан е домаќин на трките од Светскиот шампионат во Формула 1 од 2016 година, кога на патеката во главниот град Баку е одржана трката за Големата награда на Европа.

Во Азербејџан овој викенд ќе се одржи седмото издание на трката во Формула 1.

Улиците на Баку се затворени за сообраќај и претворени се во патека на која на 30 април ќе се вози трката во Формула 1.

Засилени се мерките за безбедност на патеката на која ќе се одржи трката и по околните улици, а површината што ќе се користи околу патеката е оградена со бариери.

Трибините се поставени пред историските и културните објекти покрај кои минува тркачката патека, како што се плоштадите Азадлик и Азнефт, Кула на девојката и капијата на дворецот.

Улиците на Баку седми пат претворени во патека пред трката во Формула 1 AA

Стартот на трката е од централниот плоштад Азадлик.

На патеката долга 6.003 метри, со 20 остри свијоци, ќе се возат вкупно 51 круг.

Според информациите на агенција Анадолу (АА) продадени се сите влезници за овој голем настан.

Улиците на Баку седми пат претворени во патека пред трката во Формула 1 AA

Љубителите на брзини од над 100 земји, како и домашната публика, ќе дојдат во Баку за да ја гледаат трката во Формула 1.

Азербејџан, кој изминатите години шестпати беше домаќин на трка во Формула 1, преговара со официјалните лица на Формула 1 за да продолжи одржувањето на трката во Баку.

TRT Balkan / агенции
Популарни