Џунејт Чакир: Еден од најдобрите фудбалски судии во светот оди во пензија / Photo: AA

Џунејт Чакир, најуспешниот турски фудбалски судија на меѓународната арена ја заврши својата активна кариера. Тој е син на поранешен судија и заменик претседател на Централниот арбитражен совет Сердар Чакир, роден на 23 ноември 1976 година. Следејќи ги стапките на татко му, Чакир се одучи за фудбалски судија и ја започна кариерата во 1994 година.

Џунејт Чакир, кој беше промовиран во судија во Суперлигата во 2001 година, го доби значката на ФИФА во 2006 година. Во 2011 година Чакир беше промовиран во елитен судија, највисоката категорија на УЕФА.

Овој фудбалски судија правдата ја делеше на вкупно 1.678 натпревари во својата 28 години долга кариера, стана најуспешен турски судија на меѓународните натпреварувања што ги водеше.

Два пати судеше полуфинале на СП

Џунејт Чакир двапати судеше во полуфиналето на ФИФА Светското првенство и стана еден од двата арбитри во светот кои тоа го постигнале.

Тој го водеше полуфиналето Аргентина - Холандија на СП одржано во Бразил во 2014 година, а го судеше и полуфиналето Хрватска-Англија во Русија во 2018 година.

Воедно, Чакир е првиот турски судија кој двапати по ред судел натпревар на Светското првенство, а правдата ја делел на вкупно шест натпревари.

Во судската историја, освен Чакир, втор судија кој водел две полуфиналиња беше Велшанецот Бенџамин Сенди Грифитс во куповите 1954 и 1958 година.

Влезе во историјата на Европското првенство

Искусниот судија е еден од двајцата судии кои водела најмногу натпревари на Европско првенство, судејќи по девет натпревари во ова натпреварување.

Чакир ја делеше правдата на европските првенства во 2012, 2016 и 2020 година, судеше вкупно девет натпревари, меѓу кои и еднаш полуфинале.

Чакир е еден од двајцата судии кои одработиле најмногу натпревари во историјата на Европското првенство со девет натпревари. Исто толку натпревари судеше и Холанѓанецот Бјорн Кујперс.

Во 2021 година, Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) го избра Чакир за втор најдобар судија во 21 век, кој судеше на 55 натпревари во Лигата на шампионите, вклучувајќи едно финале и шест полуфиналиња.

На Чакир му припадна титулата прв турски судија кој судел финале на Лига на шампиони, исто така влезе во историјата и како втор најмлад судија кој судел во финале.

Повеќе од 200 меѓународни натпревари

Чакир на меѓународната арена судеше 204 натпревари.

Учествувал на вкупно 12 меѓународни турнири, станувајќи еден од првите судии што користел технологија за гол-линијата и систем на видеоасистенција на меѓународната арена.

Искусниот судија водеше 59 натпревари на репрезентативно ниво, учествуваше во пет финалиња и 13 полуфиналиња на меѓународната сцена, вклучително и младински турнири.

Кариерата ја заврши како судија кој судеше највеќе натпревари во историјата на турската Супер лига. Судеше на вкупно 387 натпревари во турското првенство и на дури 29 дерби мечеви.

Трипати судеше на финалето на Супер купот и двапати на финалето на Купот на Туркије, а вкупно на сите нивоа ја делеше правдата на 1.687 натпревари.

AA
Популарни