Во својата тренерска кариера раководеше со над 20 клуба меѓу кои се и Партизан, ОФК Белград, Будуќност од Подгорица, Сараево, Славија и ЦСКА од Софија.        Фото: Ројтерс

Во сообраќајна несреќа на патот Рума - Јарак во Србија загина Миодраг Јешиќ (64), поранешен фудбалер и тренер на ФК Партизан, објави клубот од Белград на својот официјален твитер-профил.

Несреќата се случила утрово околу 10:30 часот, јавуваат српските медиуми.

Патничкото возило цитроен во кое бил Јешиќ се движело во правец од Рума кон Јарак, и од засега непознати причини преминало во спротивен правец и се судрило со камион.

Јешиќ, како што се наведува, починал на самото место, а возачот на камионот е полесно повреден.

Миодраг Јешиќ беше познат фудбалер и тренер на белградски Партизан. Играше и за турските клубови Алтај и Трабзонспор, а настапуваше и за младинската, но и за А-репрезентацијата на поранешната СФР Југославија.

Во својата тренерска кариера раководеше со над 20 клуба меѓу кои се и Партизан, ОФК Белград, Будуќност од Подгорица, Сараево, Славија и ЦСКА од Софија.

Работеше и за клубови од африканскиот и од азискиот континент. Последниот ангажман го имаше во Саудиска Арабија каде што до септември годинава беше тренер на Ал Шула.

TRT Balkan / агенции
Популарни