Израел почна геноцидна војна на Појасот Газа во октомври минатата година, при што загинаа повеќе од 44.300 луѓе / Photo: AA

Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун изјави дека „еден ден Палестина дефинитивно ќе биде слободна“. Алтун на социјалните мрежи испрати порака по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинскиот народ. Тој потсети дека процесот, кој започна со инвазијата на еврејските доселеници на палестинските територии, окупирани од 1947 година, продолжува со болни масакри и геноцид кој трае веќе 420 дена. „Само „сојузот на човештвото“ може да го запре овој геноцид. Еден ден Палестина дефинитивно ќе биде слободна“, рече Алтун во пораката придружена со видео кое се состои од снимки од израелската окупација на палестинските територии и масакрите извршени од Израел во изминатите години. Во 1977 година, Генералното собрание на ОН донесе одлука според која 29 ноември се одбележува како Меѓународен ден на солидарноста со палестинскиот народ.

Одлуката е донесена во спомен на резолуцијата 181 од 1947 година, која предлагаше создавање на две посебни држави, посебна арапска и посебна еврејска држава на територијата на Палестина по завршувањето на британскиот мандат. Израел започна геноцидна војна на Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година, при што загинаа повеќе од 44.300 луѓе, главно жени и деца, а беа ранети повеќе од 104.900. Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа. Израел, исто така, беше обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.

AA
Популарни