Во својата објава, Алтун вклучи и видео кое ги содржи изјавите на турскиот претседател Ердоган за човечката трагедија во Газа / Photo: AA

Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије Фахретин Алтун рече дека народот во Газа е подложен на геноцид пред очите на целиот свет и порача дека меѓународната заедница треба да се обедини и реагира против ова варварство кое трае веќе 333 дена.

Алтун на својот профил на социјалните мрежи сподели објава за израелските напади во Газа со хаштаг „Геноцид 333 ден“.

„Немојте да молчите за Газа затоа што во Газа се случува еден од најтемните периоди на човештвото. Нападите кои траат 333 дена ги уништија градовите“, рече Алтун и додаде дека окупаторските израелски сили бомбардираа џамии, цркви, училишта и болници без никаква хуманитарна разлика и намерно и систематски ги таргетираа новинарите кои работат на документирање на тешката човечка трагедија во регионот.

Тој посочи дека децата, жените, постарите и невините цивили во Газа немаат пристап до чиста вода, храна и здравствени услуги.

„Народот во Газа е подложен на геноцид пред очите на целиот свет. Овој геноцид треба да ја шокира совеста не само на Газа, туку и на целото човештво. Меѓународната заедница треба да се обедини и да реагира против ова варварство кое трае веќе 333 дена. Мора да работиме заедно за да ја запреме оваа трагедија и да ги заштитиме децата. Игнорирањето на ситуацијата во Газа е соучесништво во ова угнетување. Во име на правдата и хуманоста мора силно да го кренеме гласот за да се стави крај на овој геноцид“, рече Алтун.

Во својата објава, Алтун вклучи и видео кое ги содржи изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за човечката трагедија во Газа и слики од деца од Газа.

AA
Популарни