Централната банка на Туркије со девизни резерви од 122 милијарди долари

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави денеска во Анкара дека девизните резерви на централната банка на земјата моментално изнесуваат 122 милијарди долари.

Ердоган говореше на отворањето на собранието на турската конфедерација на синдикати Мемур-сен и по тој повод зборуваше за актуелните настани.

Зборувајќи за резервите на Централната банка, Ердоган рече дека „девизните резерви на Централната банка на Туркије во моментов изнесуваат 122 милијарди долари“.

Тој додаде дека Туркије продолжува со активностите за поддршка на населението погодено од разорните земјотреси на почетокот на февруари годинава.

„Сè уште сме на терен со сите институции на нашата земја. Од ден на ден ги следиме сите работи во регионот, без разлика на изборните активности“, рече Ердоган.

Тој најави и дека во јули годинава ќе почнат нови мерки за борба против инфлацијата.

AA
Популарни