Шведска и Финска мора да се усогласат со неодамнешниот меморандум потпишан со Туркије за да бидат дел од НАТО, изјави денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
„Ако тие не се усогласат, ние нема да ги прифатиме во НАТО“, рече Чавушоглу за време на интервјуто во живо со турската телевизија НТВ.
Шведска и Финска ја прескокнаа неутралноста и аплицираа за приклучување кон НАТО во мај, одлука поттикната од руската војна во Украина.
Но Туркије, долгогодишна членка на Алијансата, искажа приговори за барањата за членство, критикувајќи ги земјите за толерирање па дури и поддржување на терористички организации.
Пред самитот на НАТО минатата недела, Туркије, Шведска и Финска потпишаа договор по четирилатералните разговори во Мадрид, во кој беше вклучено и НАТО.
Договорот им дозволува на нордиските земји да станат членки на НАТО, но ги условува да преземат чекори за загриженоста на Туркије во однос на тероризмот и да го укинат ембаргото на оружје за Анкара.
По состанокот, НАТО официјално ја покани Шведска и Финска да се приклучи на 30-члената воена алијанса.