Шведскиот Врховен суд спречи екстрадиција на припадник на ФЕТО     Фото: АА

Припадникот на терористичката организација ФЕТО чија екстрадиција во Туркије (Турција) ја спречи Врховниот суд на Шведска бил еден од водачите на оваа терористичка група.

Одлуката на шведскиот суд да не дозволи екстрадиција на членот на ФЕТО се случи само неколку недели откако Шведска и Туркије потпишаа договор, според кој Анкара дозволи Стокхолм да се приклучи кон НАТО, а за возврат Шведска да преземе чекори во насока на отстранување на загриженоста на Туркије.

Информацијата за блокадата на екстрадицијата беше објавена во шведските медиуми. Станува збор за за Јилмаз Ајтан, таканаречен таен имам кој раководи со училиштата на терористичката организација во Авганистан.

Од 2018 година Ајтан има дозвола за постојан престој во Шведска. Таму поднел и барање за азил со цел да ги избегне активностите против терористичката група и добил статус на бегалец.

Властите во Туркије открија дека Ајтан е корисник на шифрираната комуникациска апликација на организацијата, ByLock и дека е меѓу првите членови на терористичката организација.

Министерството за правда на Туркије поднесе барање до Шведска за екстрадиција на Ајтан за кривично дело формирање/водење вооружена терористичка организација.

Шведскиот дневен весник „Дагенс Јуридик” објави дека екстрадицијата на Ајтан била запрена од Врховниот суд. Судот смета дека дејствијата на Ајтан со терористичката група ФЕТО не претставуваат злосторства во Шведска

ФЕТО и нејзиниот водач Фетулах Ѓулен, кој се наоѓа во САД, го организираа неуспешниот обид за државен удар во Туркије на 15 јули 2016 година во кој загинаа 251 лице, а 2 734 беа повредени.

Анкара исто така ја обвинува ФЕТО за тоа дека стои зад долготрајната кампања за немири и државен удар преку инфилтрација во институциите во Туркије, особено во војската, полицијата и судството.

AA
Популарни