Турската разузнавачка служба (МИТ) го фати во Таџикистан и го донесе во Туркије пребегнатиот Корај Вурал, кој се наоѓа на портокаловата потерница за тероризам поради членство во вооружената терористичка организација ФЕТО, јавува Анадолу.
Неименуван извор соопшти дека Вурал заминал во Таџикистан по наредба на терористичката организација ФЕТО и бил на врвот на терористичките структури на ФЕТО во таа земја.
Вурал беше еден од членовите на терористичката организација ФЕТО која ги насочуваше активностите во Таџикистан и остатокот од Централна Азија.
Тој често патувал од Таџикистан до Пенсилванија, САД, и добивал наредби директно од водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Утврдено е и дека Вурал правел планови за бегство од Таџикистан откако избеганиот терорист на ФЕТО, Емсал Коч, бил фатен и донесен во Туркије.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а чија екстрадиција Република Туркије и официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација ФЕТО со години, преку местење испити, напредувале во службата, инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО вработени во правосудството на Туркије се обидоа да деградираат голем број високи функционери на Туркије со монтирани судски процеси за наводна корупција.
Неколку години подоцна следуваше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч изведен од страна на офицерите што ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа што претставува закана не само за Република Туркије туку и за секоја друга земја каде што оваа организација е активна.