Министерот за правда на Република Турција Јилмаз Тунч денеска изјави дека неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови права против оваа земја е неприфатлива и дека судот, разгледувајќи ги доказите, излезе надвор од својата надлежност.
Во вторникот Европскиот суд за човекови права донесе пресуда во врска со барањето на Јуксел Јелчинкаја, за кого турското правосудство утврди дека е член на терористичката организација ФЕТО. ЕСЧП пресуди дека станува збор за повреда на правата на апликантот, што Тунч во денешното обраќање пред новинарите во Анкара го оцени како неприфатливо.
„Фактот што одлуката е донесена со 11 гласа „за“ и шест „против“ покажува дека тие не се согласуваат“, рече Тунч, додавајќи дека одлуката е донесена без да се земе предвид судската пракса во врска со користењето на тајната шифрирана комуникациска мрежа „Бајлок“.
Наведувајќи дека ЕСЧП ги пречекорил своите овластувања и интервенирал во националните судови на земјите, Тунч нагласи дека тоа е одлука која се носи само во однос на тоа досие и дека секое досие има свои карактеристики и дека секој случај мора да се оценува посебно според собраните докази.
„Така е во кривичното право. Затоа мислиме дека нема да претставува преседан. Нашата истрага продолжува, рече Тунч.
Претходно министерот Тунч на социјалните мрежи изјави дека во предметниот случај сите судски нивоа, од Основниот суд до Апелациониот суд, па се до Уставниот суд, ги сметале доказите за доволни, па затоа пресудата на ЕСЧП не може да се прифати.
Тој потсети на пресудите на самиот ЕСЧП, според кои валидноста и доволноста на доказниот материјал е под јурисдикција на националните судски органи.
Терористичката организација ФЕТО
Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Турција ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави и чија екстрадиција Туркие ја има официјално побарано од САД.
Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата.
Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција. Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот изведен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија. Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна.
Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти.
За време на обидот за државен удар во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.