Турскиот претседател посочи и дека да се има силна армија е повеќе обврска отколку избор за Турција / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските сили од летово ќе обезбедат целосна безбедност на границата со соседен Ирак и рече дека турските сили ќе ја завршат незавршената работа во соседна Сирија.

Ердоган ова го изјави во контекст на решителната борба на Туркије против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци во пограничните области на двата јужни соседи.

„Нашата цел е да им ја дадеме на нашите деца Туркије која е целосно ослободена од мрачната сенка на тероризмот и чиј пат и просперитет се светли“, рече Ердоган на ифтар со војниците во командата на 4-от корпус на турските вооружени сили.

Турскиот претседател посочи и дека да се има силна армија е повеќе обврска отколку избор за Туркије.

„Ние сме држава, нација, армија која секогаш мора да го држи одвраќањето на највисоко ниво“, рече Ердоган.

AA
Популарни