Шестчлениот опозициски блок по синоќешниот состанок во Анкара објави дека Киличдароглу ќе биде нивен заеднички кандидат на претстојните избори. / Photo: AA

Турскиот опозициски сојуз го номинираше претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори во Туркије, кои ќе се одржат на 14 мај.

Шестчлениот опозициски блок по синоќешниот состанок во Анкара објави дека Киличдароглу ќе биде нивен заеднички кандидат на претстојните избори.

Сојузот на шесте опозициски партии се состои од ЏХП, ИЈИ партија, Партијата Саадет (СП), Партијата Иднина (ГП), Демократската партија (ДП) и Партијата за демократија и напредок (ДЕВА). Мерал Акшенер, претседателката на ИЈИ партијата, повторно му се приклучи на опозицискиот сојуз и присуствуваше на состанокот на коалицијата во понеделникот.

Акшенер во петокот го напушти блокот бидејќи не беше спремна да го поддржи изборот на Киличдароглу за претседателски кандидат на претстојните избори.

Поранешната министерка за внатрешни работи чија партија е втора по големина во опозицискиот блок, Акшенер, наводно ги фаворизираше градоначалниците на Истанбул или Анкара, наместо Киличдароглу. Киличдароглу не успеа да победи на националните избори во изминатите 13 години, од кога е претседател на партијата ЏХП.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека претседателските избори во Туркије ќе бидат одржани на 14 мај, кога граѓаните ќе бираат претседател, како и 600 пратеници.

Турските гласачи во 2017 година на референдумот одлучија да преминат од парламентарен на претседателски систем на управување во кој на претседателот му е доверена извршната власт. Од 2018 година, Туркије ја укина премиерската функција и во премина на претседателски систем на власт, предводен од претседателот Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни