jildiz / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека реновираната палата Јилдиз ќе придонесе за севкупните историски, културни и туристички атракции на Истанбул.

Последната османлиска палата во Истанбул беше реставрирана во изминатите шест години, а денеска е повторно отворена за посетителите на церемонија на која присуствуваше и турскиот претседател Ердоган.

„Денес сме заедно да го отвориме еден од најубавите историски споменици на нашиот прекрасен Истанбул“, рече Ердоган.

Тој истакна дека со реставрацијата на овој комплекс продолжува грижата за културното и историското наследство на Туркије.

„Со посредство на нашата Генерална дирекција за вакаф од 2002 година реставрирани се близу 6.000 културни добра“, рече Ердоган.

Тој нагласи дека палатата Јилдиз не е обично дело или обична градба, туку комплекс кој со својата 200-годишна историја бил сведок на најболните години на Османлиското Царство.

Палатата Јилдиз е последната палата на Османлиското Царство и сведок на случувањата кои оставија длабоки траги во историјата.

Изградена е во времето на султанот Селим IIIö проширена e во времето на владеењето на султанот Абдулхамид II.

Палатата Јилдиз е сместена на истоимениот рид во Истанбул во подрачјето на Бешикташ, а раскошниот комплекс се простира на површина од околу 500.000 квадратни метри.

AA
Популарни