Истиот „супериорен ум“ што стои зад државните удари во Туркије од 1960 година беше во погон и на 15 јули со сите негови елементи, рече Ердоган / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на програмата по повод Денот на демократијата и националното единство - 15 јули, во претседателскиот комплекс во турската престолнина Анкара.

Програмата се одржа како дел од осмата годишнина од обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије, зад кој стоеше терористичката организација ФЕТО.

Во своето обраќање пред присутните, Ердоган рече дека терористичката организација ФЕТО ја нападнала државата Туркије ноќта при обидот за пуч.

„Никаквеците на ФЕТО кои примаа наредби од шарлатани во странство и ги подадеа своите валкани раце кон нашата земја оставија дамка со крвта што ја пролеаа“, рече Ердоган, додавајќи дека турскиот народ никогаш не може да заборави што се случи тогаш.

„Ниту ние, ниту оваа нација нема да им прости на убијците на модерното време, кои во една ноќ спуштија 253 од нивните деца во земјата“, рече Ердоган.

Тој посочи дека ФЕТО секогаш ќе биде омразен од турскиот народ.

„Оваа предавничка мрежа насочена кон нашата држава, нашата нација и нашата влада како претставник на националната волја, ќе биде омразена не осум, туку дури и 80 години подоцна“, рече тој.

Како што рече, болката и гневот на народот во Туркије сѐ уште се свежи, иако поминаа осум години од обидот за пуч.

„Нашата решеност да се бориме против ФЕТО е жива, силна и непоколеблива како и првиот ден“, додаде Ердоган, истакнувајќи ја важноста на борбата против оваа терористичка организација.

„Ќе го спроведеме овој процес внимателно, без да паднеме во подмолните замки на ФЕТО, додека последните пучисти не бидат изведени пред лицето на правдата“, рече тој.

Тој нагласи дека истиот „супериорен ум“ што стои зад државните удари во Туркије од 1960 година е во функција на 15 јули со сите негови елементи.

„Нашата обврска кон мачениците е да не заборавиме на неволјата низ која помина нашата земја на 15 јули и да не дозволиме нашиот народ да ја заборави борбата што ја водеа“, рече турскиот претседател, додавајќи дека секој пат ќе го дава истиот одговор доколку некој ја нападна турската држава.

„Ќе застанеме цврсто пред секој што ќе го сврти оружјето против нашиот народ, како што направивме ноќта на 15 јули. Со Божја помош нема да дозволиме никој да ја загрозува волјата на нашиот народ што се манифестира на избирачките места,“ рече Ердоган.

На крајот порача дека никогаш нема да дозволи 15 јули и неговите маченици да паднат во заборав.

Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) од своето основање ги користеше сите средства за да се инфилтрира во секоја пора на државата Туркије, и на крајот се обиде да изврши државен удар ноќта на 15 јули 2016 година, кога се дешифрирани и откриени сите нејзини незаконски и предавнички активности спроведени под плаштот на т.н. џемати (основната и најмалата организациска единица на припадниците на исламската вероисповед).

Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредувале во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти. За време на обидот за пуч во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа повредени.

AA
Популарни