Ердоган рече и дека се планира процес на достоинствено, безбедно и доброволно враќање на Сиријците во нивната земја / Photo: Reuters

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговори со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и со италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Како што соопшти турската Дирекција за комуникации, лидерите разговарале за последните случувања во Сирија.

За време на разговорот со Фон дер Лајен, Ердоган рече дека Туркије во иднина ќе продолжи да му дава силна поддршка на сирискиот народ со цел да ја ослободи Сирија од терористите и да го обезбеди нејзиното единство, да го заштити нејзиниот територијален интегритет и да им овозможи на сите Сиријци, без разлика на етничката и верската припадност да живеат во мир.

Ердоган рече и дека се планира процес на достоинствено, безбедно и доброволно враќање на Сиријците во нивната земја и дека работата на обновата на Сирија ќе го забрза враќањето на луѓето.

Како што соопшти турската Дирекција за комуникации, Ердоган, пак, на Мелони ѝ рекол дека последните настани покажуваат колку е исправна хуманитарната политика што ја води Туркије.

Тој додаде дека официјална Анкара и натаму продолжува со својата позиција за залагање за мир, слобода, дијалог и правда во Сирија и дека е многу важно да се зачува територијалниот интегритет и да се воспостави стабилност во таа земја.

Ердоган рече дека овој пат израелска агресија е забележана и во Сирија, додавајќи дека таквиот став не придонесува за стабилноста на Сирија и дека е императив Сирија да се исчисти од терористичките групи.

Израелската армија во неделата зазеде тампон зона во окупираната Голанска Висорамнина, неколку часа по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија.

Израел го окупираше најголемиот дел од Голанската висорамнина за време на војната на Блискиот Исток во 1967 година, а подоцна ја анектира територијата во процес кој никогаш не беше признат од меѓународната заедница.

Башар ал Асад побегна од Сирија во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск рано во неделата, што го означи падот на режимот на партијата Баас кој владее со Сирија од 1963 година.

Башар ал Асад побегна од Сирија во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск рано во неделата, што го означи падот на режимот на партијата Баас кој владее со Сирија од 1963 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни