Ердоган рече дека овој проект го започнува процесот на изградба на стотици илјади нови станбени единици низ земјата.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во вторник го најави почетокот на најголемиот проект за социјални станови во историјата на земјата, кој во рок од пет години предвидува изградба на 500.000 станбени единици, 50.000 деловни простории и обезбедување на 250.000 парцелите подготвени за градба.

„На почетокот на годината ги поставуваме првите темели на проектот за социјални станови чии апликации почнуваат утре и траат до крајот на октомври“, рече Ердоган на церемонијата одржана во Конгресниот и културен центар Бестепе во Анкара.

Ердоган рече дека овој проект го започнува процесот на изградба на стотици илјади нови станбени единици низ земјата.

„Нашата цел е да ја завршиме првата фаза од станбените единици во рок од две години и да ги доставиме до нашите граѓани кои ги исполнуваат условите“, рече Ердоган, додавајќи дека оваа кампања претставува најголема инвестиција за домување во светот по број и квалитет.

Проектот беше наречен „Мојата прва куќа“ и „Мојот прв деловен простор“.

„Нашата цел е да изградиме 500.000 станбени единици, 50.000 деловни објекти и да обезбедиме 250.000 градежни парцели во сите наши градови за пет години, од 2023 до 2028 година“, рече Ердоган.

Тој појасни дека со реализацијата на овој проект, бројот на социјални станови во Туркије ќе изнесува два милиони, а бројот на жители кои ги користат капацитетите ќе изнесува 10 милиони по имплементацијата на новата фаза.

„Оваа инвестиција ќе ги намали цените на становите и кириите низ целата земја и ќе го олесни пристапот на нашите граѓани до становите“, рече Ердоган.

Турскиот претседател сподели и технички информации за проектот.

Нашите граѓани ќе можат да поседуваат станбена единица 2+1, со цена од 608.000 турски лири, со месечна рата од 2.280 лири (124 евра) и рок на плаќање од 240 месеци“, објасни Ердоган.

Кога станува збор за станбените единици 3+1, со цена од 850.000 турски лири, тие ќе може да се отплаќаат на месечни рати од 3.187 лири (173 евра), исто така со рок на отплата од 240 месеци, односно 20 години.

Ердоган рече и дека во овој проект особено мислеле на младите. Според него, обезбедени се 50.000 станбени единици за млади од 18 до 30 години, што одговара на 20 отсто од вкупниот број на станови во овој проект.

Ердоган најави и дека 50.000 станбени единици како дел од проектот за социјални станови ќе бидат изградени во Истанбул, 18.000 во Анкара и 12.500 во Измир.

Посебни квоти се предвидени и за семејствата на мачениците и газиите со по 12.500 станбени единици, додека за пензионерите е предвидена квота од 50.000 станови.

AA
Популарни