Туркије е една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала, рече Ердоган на собирот во Испарта / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја презема значајни чекори на полето на одбранбената индустрија, а процентот на домашното производство во оваа област е зголемен од 20 на 80 отсто.

„Туркије е една од првите три земји во светот во технологијата на беспилотни летала. Со нашиот национален борбен авион КААН, станавме една од четирите земји во светот кои можат да произведуваат авиони од 5-та генерација“, рече Ердоган, обраќајќи им се на насобраните граѓани во градот Испарта.

Наведувајќи дека Туркије до вчера имала одбранбена индустрија која била речиси целосно зависна од странски извори истакна дека „ја зголемиле стапката на локално производство од 20 на 80 отсто“.

„Не ни даваа обични пиштоли, но сега има побарувачка за нашите домашни пиштоли од целиот свет. Сега сме меѓу водечките светски извозници на тоа поле“, додаде Ердоган.

Тој се осврна и на ситуацијата во Палестина, велејќи дека Туркије секогаш ќе биде со своите палестински браќа.

„Доживуваме тажен Рамазан поради масакрот во Газа. Туркије ќе биде со нашите браќа во Газа на секој можен начин. Го молиме Бога да им помогне на нашите браќа“, рече Ердоган.

AA
Популарни