Ердоган и неговата сопруга пред избирачкото место беше пречекан од поголема група граѓани, а разговараа и се фотографираа со насобраните / Photo: Reuters

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изрази уверување дека резултатите од денешните локални избори ќе бидат корисни за земјата и народот.

Ердоган придружуван од сопругата Емина Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар, а во обраќањето пред новинарите рече дека минатата година во Туркије се одржаа претседателски и парламентарни избори и дека сега се во тек локалните избори и дека сите се уморни по кампањите.

„Имавме многу интензивна кампања. По оваа кампања, се надеваме дека локалните самоуправи со денешните избори ќе донесат добар резултат за нашата земја и нашиот народ. Овие избори во блиска иднина ќе доведат до почеток на нова ера кај нас. Од една страна, парламентарните и претседателските, а од друга страна, локалните избори нѐ водат во нов век за нашата земја“, рече Ердоган.

Турскиот претседател пред избирачкото место беше пречекан од поголема група граѓани, а Ердоган и неговата сопруга разговараа и се фотографираа со насобраните.

AA
Популарни