Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес на неговиот индонезиски колега Прабово Субианто му подари најнов модел од турскиот автомобил на електричен погон Тогг.
За време на официјалната посета на оваа земја во Југоисточна Азија, Ердоган му подари на Прабово автомобил од моделот Т10Х, електрично возило од турско домашно производство Тогг , во претседателската палата Богор во регионот на Западна Јава.
Двајцата лидери го разгледаа возилото надвор од палатата.
Индонезискиот претседател седна зад воланот и ја разгледа внатрешноста на електричното возило.
Индонезија е втората станица на турнејата на Ердоган во три земји во Азија оваа недела.
Претседателот најпрво ја посети Малезија и му подари сличен модел на електрично возило на малезискиот премиер Анвар Ибрахим.
Ердоган во рамките на турнејата че го посети и Пакистан.