Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на Туркије ѝ се поставувани стапица по стапица, а таа не потпаднала пред нападите на пучистите, туторите и екстензиите на империјалистите.
Ердоган се обрати на предизборниот митинг во истанбулската област Султанбејли и посочи дека Република Туркије е етикетирана бидејќи дава секаков вид поддршка на сите угнетени луѓе во светот.
„Изложени сме на дискриминација затоа што рековме „one minutе“ и покажавме цврст став против угнетувањето на невините луѓе. Се соочивме со ембарго, бидејќи се спротивставивме на дисторзијата на глобалниот систем велејќи дека светот е поголем од пет сили со право на вето“, изјави Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган рече и дека земјата доживеала голема болка затоа што не се предала на оние кои ја притискале преку терористичките организации ПКК, ФЕТО и ДАЕШ.
„Обележани сме затоа што на највисоко ниво се спротивставивме на масакрот во Газа и им пруживме секаква помош на угнетените. Сето тоа го надминавме и сè уште го правиме, прво со Божја помош, а потоа со силата што ја добивме од нашиот народ“, рече Ердоган.