На состанокот присуствувал највисокиот државен и воен врв / Photo: AA

На безбедносниот состанок што се одржа под претседателство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Истанбул, детално се разговараше за терористичкиот напад врз седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара и за чекорите и што треба да се преземат во борбата против тероризмот.

На состанокот е истакнато дека борбата против тероризмот ќе продолжи одлучно, дека продолжуваат пожртвуваните напори за Туркије без тероризам и дека никогаш нема да се дозволи формирање „терористичка држава“ околу нејзините граници.

На состанокот учествуваа министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, министерот за национална одбрана, Јашар Ѓулер, министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, началникот на Генералштабот на Туркије, армискиот генерал Метин Ѓурак, претседателот на МИТ, Ибрахим Калин, директорот на Канцеларијата на претседателот за комуникации, Фахретин Алтун, директорот на Агенцијата за одбранбена индустрија, Халук Ѓорѓун, главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Килиќ и заменик претседател и портпарол на АК Партијата, Омер Челик.

Во средата се слушна експлозија и пукотници во објектите на ТУСАШ во местото Кахраманказан, во турската област Анкара.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека во нападот загинале 5 лица, а 22 се повредени и додаде дека се неутрализирани двајца терористи кои ги нападнале објектите.

Министерот Јерликаја информираше дека неутрализираните терористи одговорни за нападот се идентификувани како членови на терористичката организација ПКК.

AA
Популарни