Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека до денес реновирале 3,3 милиони станови во рамките на стратегијата позната како „урбана трансформација“, додека преку агенцијата за домување ТОКИ изградиле 1,2 милиони станови.
Ердоган ова го изјави на церемонијата на отпочнување на проектот за урбана трансформација во истанбулска Газиосманпаша.
„До денес реновиравме 3,3 милиони станови со урбана трансформација, додека преку ТОКИ изградивме 1,2 милиони станови“, рече тој, нагласувајќи дека ја забрзуваат урбаната трансформација во градовите со висок ризик од земјотреси, вклучително и Истанбул.
„Започнуваме национална мобилизација. Истанбул го зазема првото место во оваа мобилизација поради неговата густина на население и стратешко значење“, рече Ердоган, нагласувајќи дека тие ќе им помогнат на граѓаните кои сакаат да ги реновираат своите домови во рамките на урбаната трансформација.
Говорејќи за економските прашања, турскиот претседател вети дека до крајот на годината инфлацијата ќе ја стават под контрола, а следната година целосно ќе ја решат.