Ердоган им се обрати на насобраните граѓани по посетата на Споменикот на мачениците од 15 јули во Истанбул / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека денес, 15 јули, со гордост се сеќаваат на епската борба на турскиот народ кој со голи раце застана пред тенковите за време на обидот за пуч во 2016 година.

Ердоган им се обрати на насобраните граѓани по посетата на Споменикот на мачениците од 15 јули во Истанбул, во непосредна близина на „Мостот на мачениците 15 јули“.

„Со голема гордост се сеќаваме на епската борба на нашиот народ кој со голи раце застана против тенковите и смртоносното оружје“, рече Ердоган, додавајќи:

„Како што направи досега, овој народ ќе ја наруши секоја игра што ќе допре до неговата независност и ќе се обиде да ја стави неговата волја во окови. До Судниот ден нема да им простиме на оние кои 15 јули го нарекуваат „игра“ и на оние што го нарекуваат „претстава“.

Терористичката организација Фетулаџи (ФЕТО) е одговорна за крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година, а станува збор за терористичка организација предводена од Фетулах Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, и чија екстрадиција Туркије ја има официјално побарано од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење испити, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, прво во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во судството на Туркије се обидоа да гонат голем број високи функционери со монтиран судски процес за наводна корупција.

Неколку години подоцна следеше крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за државен удар извршен од офицери кои ФЕТО ги инфилтрирала во турската армија.

Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која претставува опасност не само за Туркије, туку и за секоја друга земја каде што е активна. Ова во неколку наврати го истакнуваа турските власти. За време на обидот за државен удар во Туркије, загинаа 253 лица, а повеќе од 2.730 луѓе беа ранети.


AA
Популарни