Ердоган рече дека Туркије започнала со подготовки за изградба на уште поголем носач на авиони по ТЦГ Анадолу / Photo: AA

Туркије ќе продолжи со напорите да стане целосно независна во одбранбената индустрија, рече турскиот претседател.

„Нема да застанеме или да се вратиме назад од нашиот пат додека не ја постигнеме целта за целосно независна Туркије во одбранбената индустрија“, рече Реџеп Таип Ердоган во петокот за време на изборниот митинг во турската провинција Чанкири.

Ердоган, исто така, рече дека КААН, домашниот борбен авион на Туркије, ќе биде испорачан во 2028 година, додавајќи дека „КААН ќе го штити нашето небо од овој датум па натаму“.

Тој понатаму рече дека Туркије започнала со подготовки за изградба на „уште поголем носач на авиони по ТЦГ АНадолу“.

Ердоган рече дека нема безбедно место за терористичките групи, додавајќи дека Анкара открива терористи надвор од границите на земјата на околу 300-350 километри и ги „неутрализира“ „кога најмалку тоа го очекуваат“.

TRT World
Популарни