Одлично го положивме тестот на човечноста, додаде Ердоган / Photo: AA

Туркије ќе осигура безбедност надвор од нејзините јужни граници и ќе ги елиминира терористичките закани што произлегуваат од тие региони почнувајќи од 2025 година, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи на осмиот редовен конгрес на Партијата на правдата и развојот (АК Партијата) во провинцијата Баликесир, Ердоган рече:

„Почнувајќи од 2025 година, ќе оосигураме безбедност надвор од нашите јужни граници, особено во однос на прашањето за тероризмот, и ќе ги елиминираме заканите што произлегуваат од тие региони“.

Во врска со падот на режимот на Асад во Сирија, Ердоган рече дека Туркије „ја поддржа братската врска“, им помогна на угнетените, „и уште еднаш излеговме како победници“.

„Одлично го положивме тестот на човечноста“, додаде Ердоган

TRT Balkan / агенции
Популарни