Мора да се зголеми притисокот врз Израел за да се запрат овие злосторства, рече Ердоган / Photo: AA

Туркије е лидер во светот во помошта за Газа, изјави во понеделник туирскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

На настанот на Генералниот директорат на фондации во Анкара, Ердоган рече дека досега 50.000 тони хуманитарна помош биле испратени во опколената енклава каде продолжуваат израелските напади.

„Благодарение на 50.000 тони хуманитарна помош што ја испрати досега, Туркије е земјата која испрати најмногу помош во Газа“, рече Ердоган.

Ердоган додаде дека Тукије, заедно со владата, граѓаните и невладините организации, се издвојува како една од нациите што најефективно се справува со предизвиците во врска со Газа.

„Мора да се зголеми притисокот врз Израел за да се запрат овие злосторства. Ќе направиме се што можеме за да обезбедиме одговорните за овие напади да бидат изведени пред лицето на правдата“, вели Ердоган.

Израел го нападна Појасот Газа како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе. Оттогаш во Газа се убиени повеќе од 34.700 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.

Израелската војна турна 85 отсто од населението на Појасот Газа во внатрешно раселување со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни