Ердоган: Туркије нема очекувања од ЕУ, која ја чекаме пред врата 60 години / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше оние кои се обидуваат да ѝ дадат лекции за демократија на Туркије, потенцирајќи дека тие замижуваат пред злосторствата од омраза против Турците и муслиманите, особено во услови на зголемена исламофобија.

Во говорот по повод почетокот на 28-от мандат на турскиот парламент- втора законодавна година, претседателот Ердоган ја истакна критичната улога на Туркије од Карабах до Либија, Сирија до Сомалија, велејќи: „Ниту една земја, ниту општество, ниту институција што води непријателска политика кон Туркије на крајот излегува како победник“.

Тој ја нагласи посветеноста на Туркије за правда, легитимност и човечки живот во овие региони, спречувајќи угнетување и окупација.

„Како што секогаш велевме, оние кои се поврзуваат со терористички организации, негуваат непријателство кон исламот и имаат непријателство кон Турците под каков било изговор, неизбежно ќе се соочат со истата судбина еден ден“.

Процес за членство во ЕУ

Во врска со процесот за членство на Турција во Европската унија, претседателот Ердоган истакна дека Туркије верно ги исполнила своите ветувања кон ЕУ, додека Унијата „едвај исполнила ниту едно од нив“.

Тој го критикуваше постојаниот нефер и пристрасен став на ЕУ кон Туркије, велејќи: „Туркије нема очекувања од ЕУ, која ја чекаме пред врата 60 години“.

Ердоган рече дека унијата не треба да има никакви очекувања, било да е тоа политички, социјални, економски или воени, освен ако не ги решат овие неправди, особено прикриената санкцијапреку воведување визи.

„Тие можат да ги поправат своите грешки доколку ги решат овие неправди“, рече тој, додавајќи дека е нејзина одлука ако ЕУ сака да го прекине процесот на полноправно членство.

Укажувајќи дека Карабах, дел од Азербејџан, конечно ги постигна слободата и правдата по 30 години окупација, Ердоган ги изрази вистинските напори на Туркије да ги прошири пријателствата и соработката и рече: „Би ни било задоволство да чекориме по патот на заедничките интереси со секој кому му ја подаваме раката на пријателството“.

Кога станува збор за Туркије, се друго е во втор план

Велејќи дека дијалогот и дипломатијата можат да го решат секое сложено прашање, Ердоган ги истакна нивните напори за создавање зона на мир и стабилност околу Туркије преку проекти за регионална интеграција.

Туркије ги поздравува новите соработки „се додека нејзиниот суверенитет, тешко стекнатите придобивки и црвените линии се почитуваат“, рече тој.

„Очекуваме сите актери кои одат по патот што го определи народот да дадат приорит на народот и да се движат во иста насока како и народот и да постапуваат со таа чувствителност“.

Нагласувајќи ја важноста од унифициран пристап кон политиките на владата, турскиот претседател рече дека се надева дека и другите групи и партии во турскиот парламент ќе придонесат во духот на широк консензус за општото добро.

Ердоган потврди дека кога ги бранат своите интереси, нема да се двоумат да застанат пред никого и изрази отвореност за секакви конструктивни критики и предлози кои се во корист на народот, се додека тоа не прибегнува кон навреда, клевета или лага.

Тој на крајот изрази надеж дека новата законодавна година во Собранието ќе ја отвори вратата за нов дух на соработка, додавајќи дека проектот „Век на Туркије“ ќе ја добие поддршка од сите.

Во одговор на прашање за процесот на членство на Шведска во НАТО при излегувањето од Парламентот, претседателот Ердоган рече: „Ќе го следите процесот.

AA
Популарни