Пет постојани членки на СБ се Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја изрази желбата на Туркије за постојано место во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).

„Како Туркије, се стремиме да станеме постојана членка, но досега не постигнавме никакви резултати“, изјави тој за медиумите по петочната молитва во Истанбул.

Ердоган истакна дека сегашните постојани членки не покажале намера да ја поддржат кандидатурата на Туркије.

Советот за безбедност во моментов се состои од 15 земји членки: пет постојани (Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД) и 10 непостојани избрани со двегодишен мандат од Генералното собрание.

AA
Популарни