Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, упати бајрамска честитка и посака мир и просперитет за целиот исламски свет и за човештвото, известува Анадолу.
Муслиманите низ целиот свет денес го одбележуваат Рамазан бајрам, а претседателот Еродган по тој повод објави пригодна честитка.
„Од сѐ срце му го честитам Рамазан бајрам на нашиот народ и на исламскиот свет. Се надевам дека бајрам ќе доведе мир, спокој и благосостојба за нашата земја, нашиот народ, исламскиот свет и целото човештво“, порача Ердоган.
AA