Ердоган ја потврди намерата на Туркије да одигра клучна улога во регионалната реконструкција и градењето мир / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот ја повтори посветеноста на Туркије за поттикнување мир и стабилност во Сирија, на сопствените граници и на палестинските територии.

„Ќе обезбедиме секаков вид поддршка за новата ера во Сирија да ја отвори вратата за траен мир, благосостојба, стабилност и економски просперитет“, рече Ердоган во новогодишната видео порака.

Во пораката споделена преку официјалната Х сметка на Кабинетот на турскиот претседател, се наведени приоритетите на администрацијата за наредната година.

Ердоган сѐ осврна и на долгорочната криза во Газа и Палестина, повикувајќи на прекин на насилството и воспоставување мир.

„Вложуваме интензивни напори да ставиме крај на масакрите кои се водат во Газа и другите палестински територии веќе 15 месеци и да го вратиме мирот таму“, рече тој.

Претседателот Ердоган ја потврди намерата на Туркије да одигра клучна улога во регионалната реконструкција и градењето мир.

Истакнувајќи ја домашната и регионалната безбедност, тој вети непоколебливи напори во борбата против тероризмот.

„Во наредниот период ќе преземеме решителни чекори за да ја реализираме нашата визија за Туркије и регионот без тероризам“, рече тој.

Ердоган додаде дека Туркије се надева дека „во 2025 година ќе започне нова ера“ и на северот од неговата земја.

„Останува наш приоритет да ја завршиме војната меѓу Русија и Украина, нашите соседи на Црното Море, со фер мир“, заклучи Ердоган.

TRT Balkan / агенции
Популарни