Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара се состана со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој престојува во работна посета на Туркије.
Средбата меѓу двајцата претседатели во Претседателскиот комплекс во Анкара се одржува зад затворени врати.
Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за актуелни регионални и глобални прашања. Минатиот февруари Алиев ја посети Туркије во дводневна официјална посета на покана на турскиот претседател.
AA