"Gradimo infrastrukturu za dobrovoljni povratak Sirijaca iz Turkiye u njihovu zemlju", kazao je Erdogan. / Photo: AA

Анкара моментално работи на доброволно враќање на сиријскит бегалци од Туркије во нивната земја, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Градим брикет-куќи на северот на Сирија. Тоа го правевме не само како држава, туку заедно со невладините организации. Со поддршка на Катар, продолжуваат работите за изградба на куќите во Сирија, кои можат да примат милион бегалци“, рече Ердоган вчера.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу во средата присуствуваше на церемонијата на положувањето на камен темелник.

„Градиме инфраструктура за доброволно враќање на Сиријците од Туркије во нивната земја“, рече Ердоган. Турскиот претседател рече дека овие напори треба да имаат „хуман, совесен и исламски“ аспект, истакнувајќи дека Туркије не може да ги врати Сиријците „користејќи сила“.

Сојлу во средата присуствуваше на церемонијата по повод проектот „Доброволно, сигурно и чесно враќање“ во северниот сириски округ Џарабулус, каде рече дека во наредните три години ќе бидат изградени 240.000 куќи на девет одделни локации во регионите Идлиб и Африн.

Повеќе од 3,7 милиони Сиријци моментално живеат во Туркије, што е повеќе од било која друга земја на светот. По почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Туркије усвои политика на „отворени врати“ за Сиријците кои бегаат од војната.

Стотици илјади луѓе се убиени, а повеќе од 10 милиони се расепени, според податоците на Обединетите нации.

TRT Balkan / агенции
Популарни