Туркије погоди магацини за оружје и муниција на терористичката група ЈПГ/ПКК како дел од нејзините антитерористички операции во северна Сирија, уништувајќи десетици цели и „неутрализирајќи“ многу терористи.
„Во согласност со нашите права за самоодбрана кои произлегуваат од член 51 од Повелбата на Обединетите нации, беа извршени воздушни операции против терористички цели во регионите Тел Рифат, Цизире и Дерик“, се вели во вчерашното соопштение на турското Министерство за одбрана.
Операцијата ја спроведува Турската национална разузнавачка организација (МИТ.
Се наведува дека се уништени 30 цели, вклучително и нафтен извор и складиште, пештери, бункери, засолништа и магацини што ги користеле терористите.
„Во операцијата се „неутрализирани“ многу терористи. Турските вооружени сили ќе продолжат да се борат против тероризмот додека не остане ниту еден терорист. Преземени се сите мерки на претпазливост за да се спречи каква било штета врз невините цивили, пријателските елементи, историските и културните добра и животната средина во регионот”, се вели во соопштението.
Турската антитерористичка операција дојде откако минатата недела ПКК/ЈПГ го нападна Министерството за внатрешни работи во турскиот главен град Анкара. Во тој напад, бомбаш самоубиец се разнесе пред зградата на министерството, додека друг терорист беше убиен од безбедносните сили на влезната капија.
Турските власти соопштија дека нападот бил планиран во Сирија и дека терористите кои учествуваат во нападот се инфилтрирале од северна Сирија. Во нападот со полесни рани се здобиле двајца полицајци. ,
Терористичката кампања на ПКК
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно населување на жителите: Штитот на Еуфрат (2016), Маслиново гранче (2018) и Мир Пролет (2019).
Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК - на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња. ЈПГ е нејзин сириски огранок.
Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Јасар Ѓулерво телефоснкиот разговор му рече на американскиот секретар за одбрана Лојд Џејмс Остин дека Турцкије е подготвена да се вклучи во борбата со САД против терористичката група ДАЕШ во регионот.
Двете страни ја истакнаа важноста од блиска координација во регионот.