Претседателот Реџеп Таип Ердоган се обрати на Бизнис-форумот Туркије-Малезија.
„Турската економија продолжува да расте и покрај конфликтите, војните во нашиот регион и катастрофата на векот, големиот земјотрес што го доживеавме во 2023 година. Ние сме една од ретките земји што постигнаа просечна годишна стапка на раст од околу 5 проценти во последните 20 години“, изјави претседателот Ердоган на Бизнис форумот Туркије-Малезија.
Во своето обраќање претседателот Ердоган се осврна на инвестициите во Туркије и истакна:
„Во последните 20 години инвестиравме речиси 300 милијарди долари во инфраструктурата, извозот ни се зголеми повеќе од 20 пати за 20 години. Го удвоивме нашиот удел во светскиот извоз.“
Тој додаде: „Претприемачите што имаат доверба, кои ѝ веруваат на Туркије и инвестираат во потенцијалот на нашата земја, како досега, нема да зажалат за тоа ниту во иднина.“
Претседателот Ердоган е во официјална посета на Малезија, а во наредните денови ќе ги посети Индонезија и Пакистан.