Шефот на турската дипломатија соопшти дека на крајот на трилатералната средба е потпишана Декларацијата од Анкара / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата го поздрави Централниот коридор како најсигурен, најбрз и најисплатлив трговски пат што ги поврзува Азија и Европа.

„Најсигурна, најбрза и најекономична рута меѓу Азија и Европа е коридорот Централна Азија - Касписко Море - Јужен Кавказ - Туркије“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговите колеги од Азербејџан и Узбекистан.

Фидан истакна дека синџирите на снабдување ширум светот се нарушени поради пандемијата КОВИД-19, војната меѓу Русија и Украина и неодамнешните случувања на Блискиот Исток.

Наведувајќи дека најголем обем на трговија во светот се одвива меѓу Азија и Европа, Фидан нагласи:

„Туркије, Азербејџан и Узбекистан се во срцето на оваа рута“.

Прес-конференцијата беше одржана по вториот трилатерален состанок на министерствата за надворешни работи, транспорт и трговија на Тукије, Азербејџан и Узбекистан.

Шефот на турската дипломатија соопшти дека на крајот на трилатералната средба е потпишана Декларацијата од Анкара.

Туркије, Азербејџан и Узбекистан ја потврдија меѓусебната поддршка за суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на меѓународните граници во Декларацијата од Анкара.

Декларацијата од Анкара, исто така, ја нагласи важноста да се придонесе за реконструкција и рехабилитација на Азербејџан, вклучително и активности за деминирање во Карабах и Источен Зангезур.

TRT Balkan / агенции
Популарни