Наил Јузколар (70), кој им го засладува животот на жителите на турскиот град Болу со сладоледите произведени од природен салеп и неколку вида млеко повеќе од половина век и ја продолжува традицијата што неговите дедовци ја започнале на Балканот.
Јузколар за Анадолу рече дека неговото семејство прави сладолед во Болу уште од 1964 година.
Раскажувајќи дека во оваа професија е речиси 61 година, Јузколар рече: „Тоа е професија што ја наследив од моите дедовци. Со оваа професија се занимаваме веќе четири генерации. Се трудиме да ја продолжиме. Се надевам дека и моите деца ќе ја продолжат традицијата.“
Зборувајќи дека со генерации продаваат сладолед во повеќе места, Јузколар рече: „Правев сладолед и на Балканот, во Скопје, Сараево и Софија. Во Скопје, дуќанот кој сега е позната бурекчилница, некогаш беше наш дуќан во кој продававме сладолед. Сега тој дуќан го водат моите роднини. Моите дедовци и мојот татко работеа таму.“
Јузколар рече дека прво дошле во турскиот град Адапазари, од каде што преминале во Болу во 1964 година, каде продолжиле да ја работат својата професија, и додаде дека нема многу нешта што се смениле во секторот за сладолед.
Раскажувајќи за сладоледот, Јузколар рече дека од Едрене до Карс, вкусот на сладоледот е секаде различен.
Зборувајќи за важноста на квалитетот на состојките од кои се произведува сладоледот, Јузколар наведе:
„За убав сладолед, млекото и салепот мора да бидат со висок квалитет. Сладоледот се прави од козјо, овчо и кравјо млеко, но може и од биволско млеко. Кое млеко ќе се користи зависи од регионот во Туркије. Во Тракискиот Регион за производство на сладолед се користат козјо, овчо и кравјо млеко. Во југоисточна Туркије, сладоледот се произведува од козјо млеко, а во Црноморскиот Регион, тој се прави од кравјо млеко. Ние пак, сладоледот го правиме од неколку млека. Користиме кравјо, биволско и козјо млеко“, рече Јузколар.