Нуман Куртулмуш е новиот претседател на турскиот парламент / Photo: AA

Новоизбраниот претседател на Големото национално собрание на Република Туркије (ТБММ) Нуман Куртулмуш ја презеде функцијата од привремениот шеф на турскиот парламент и лидер на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели.

Новиот состав на турскиот парламент денеска го избра Нуман Куртулмуш, заедничкиот кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парија) и Партијата за национално движење (МХП) за нов претседател.

Куртулмуш, пратеник во парламентот на АК Партијата од Истанбул, доби 321 глас во третиот круг на гласање и беше избран за двегодишен мандат.

Во пресрет на примопредавањето на должноста, Куртулмуш му заблагодари на својот претходник Бахчели и истакна дека Туркије зад себе остави еден, а влегува во нов историски период.

„Ова, 28. свикување на парламентот, го означува почетокот на визијата на векот на Туркије. Има многу работа. Очекувам единство и дијалог. Нашите мислења може да се разликуваат, но сите ние мора да бидеме способни да ги исполниме очекувањата на оваа нација со средба на заедничка основа за да продолжиме напред. Искрено верувам дека овој парламент ќе направи позитивни работи во дијалогот“, рече Куртулмуш.

Говорејќи на церемонијата на примопредавање, Бахчели рече дека турската нација влезе во нова ера со денешниот избор на претседател на Големото национално собрание.

„Како пратеник, во присуство на нацијата ветувам дека ќе го поддржиме нашиот претседател во сите прашања“, рече Бахчели.

Новиот претседател на Големото национално собрание на Туркије Куртулмуш истакна дека турскиот народ и на овие избори му ја дал довербата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АК Партија).

„Извршната и законодавната власт заедно, рака под рака, добивм можност да формираме навистина силно Собрание. Најпрво сакаме да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на нашиот народ од сето срце за ова признание“, рече Куртулмуш. Напоменувајќи дека во Големото народно собрание на Туркије (ТБММ) постојат 16 политички патии, Куртулмуш рече дека тоа е многу шаренолик, полифон и разновиден состав на парламентот.

„Нашиот народ преку овие избори му порача на светот дека турската демократија е демократија со високи стандарди. Ќе продолжиме да работиме за доброто на нацијата посветувајќи ги нашите животи, без да губиме минута, со свесност дека овие должности што ни ги дава нашата нација се одговорности што ни се доделени“, заклучи Куртулмуш.

TRT Balkan / агенции
Популарни