Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека процентот на домашното производство во секторот на одбранбената индустрија на Туркије достигна ниво од 80 %.
Ердоган на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер се огласи во врска со напорите што неговата земја ги вложува во одбранбената индустрија.
„Уделот на домашното производство во одбранбената индустрија на Туркије е на ниво од 80 %, а тоа се соништа на нашите предци. Тоа е наша гордост. Столетие на Туркије“, напиша Ердоган.