Министерот нагласи дека главните виновници ќе бидат откриени по вештачењето / Фото: AA

Туркије приведе 10 лица во врска со смртоносната експлозија во фабриката за производство на експлозиви во западната област Баликесир, соопштија властите денес, јавува Анадолу.

„Во моментов во тек е процесот на приведување на 10 лица идентификувани како одговорни за несреќата и експлозијата. Ова особено се однесува на поединци што можеби имале улога во предизвикувањето на несреќата“, изјави министерот за правда Јилмаз Тунч.

Министерот нагласи дека главните виновници ќе бидат откриени по вештачењето.

Во експлозијата во фабриката за производство на експлозиви во западната турска област Баликесир вчера животите ги загубија 11 лица, меѓу кои осум жени, потврди турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја за Анадолу.

„Во моментов, врз основа на изјави и првични сознанија, може да потврдиме дека превентивно се приведени 10 лица за кои постои сомнение дека се одговорни, ја предизвикале несреќата или постапиле од невнимание. Истрагата продолжува со прецизно внимавање на секој детаљ. На крајот, одговорните за несреќата ќе бидат откриени преку судска истрага, а правниот процес ќе продолжи соодветно“, рече Тунч.

Тунч изрази сочувство до семејствата на жртвите и им посака брзо закрепнување на повредените. Тој рече дека државните институции дејствувале брзо како одговор на експлозијата.

„Сите државни институции веднаш презедоа акција, особено во однос на истрагите“, рече тој.

AA
Популарни