Осомничените терористи се уапсени во операцијата Боздоган-7 / Photo: AA

Полицијата во Туркије приведе 51 лице осомничени дека се поврзани со терористичката организација ДАЕШ, изјави во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Јерликаја во соопштението објавено на социјалната мрежа Х рече дека полицијата ја спровела операцијата Боздоган-7 низ Туркије со координација на Управата за безбедносно разузнавање и Одделот за борба против тероризмот.

За време на операцијата, која се одвиваше истовремено во неколку градови, полицијата приведе 12 лица осомничени дека работеле за ДЕАШ во Истанбул, додека остамнатите се приведени во 17 други турски градови, меѓу кои Адана, Баликесир и Анталија.

„Нашата борба ќе продолжи со одлучност, поддржана од вашите молитви и помош додека не се неутрализира и последниот терорист за мирот, единството и солидарноста на нашата нација“, рече Јерликаја.

Во 2013 година Турција стана една од првите земји што го прогласи ДАЕШ за терористичка организација.

Туркије постојано беше цел на терористички напади на ДЕАШ во кои беа убиени повеќе од 300 луѓе. Како одговор, Туркије започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.

AA
Популарни