Средба Ердоган - Шолц на маргините на Самитот на Г20 во Њу Делхи / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Еродган, денес се состана со германскиот канцелар, Олаф Шолц во Индија, известува Анадолу.

Состанокот зад затворени врати се одржа на маргините на самитот на Г20 во главниот град на Индија.

Нема детали околу средбата на двајцата лидери.

Денес во Њу Делхи, главниот град на Индија, започна 18. Самит на лидери на Г20 под мотото „Една Земја, едно семејство, една иднина“.

AA
Популарни