Сите 600-те пратеници на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ) денес ќе се состанат за да изберат нов претседател.
Седум кандидати се натпреваруваат за функцијата, вклучувајќи го и Нуман Куртулмуш, заеднички кандидат на Партијата за правда и развој (АК Партија) и Партијата за националистичко движење (МХП); Текин Бинѓол од Републиканската народна партија (ЏХП), Тулај Хамитогулари Оруч од левичарската Партија на зелените (YSP), Мустафа Џихан Пачаџи од Партијата ИЈИ (Добро), Мустафа Јенероглу од Партијата за демократија и напредок (ДЕВА) и Серап Јазиџи Озбудун од партијата Ѓелеџек (Иднина).
Дополнително, претседателот на турската Работничка партија (ТИП), Еркан Баш, до Генералниот секретаријат на Парламентот ја поднесе петицијата на затворениот пратеник Шерафетин Џан Аталај за кандидатура.
Според турскиот Устав, претседателот на Парламентот се избира со тајно гласање до четири круга - колку што е потребно - во еден ден.
Во првите два круга, кандидатите ќе бараат двотретинско мнозинство (400) во 600-члениот Парламент.
Доколку изборите одат во трет круг, просто мнозинство – 301 глас – е доволно за да се именува новиот претседател кој ќе ја преземе функцијата две години.
Доколку не може да се добие мнозинство, ќе се одржи четврто гласање истиот ден во вториот круг на гласање меѓу двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови во третиот. За претседател ќе биде избран членот кој ќе добие најголем број гласови на четвртото гласање.
На изборите на 14 мај, АК Партијата се појави како главна партија во Парламентот, добивајќи 268 места.
Покрај АК Партијата, нејзините партнери од Народната алијанса МХП освоија 50 места, а Новата партија на благосостојба (YRP) освои пет, обезбедувајќи комбинирано мнозинство од 323 места.
Со 169 пратеници, ЏХП, заедно со нејзиниот коалициски партнер партија ИЈИ, обезбедија 212 места во Парламентот, претставувајќи ја главната опозициска Алијанса на нацијата.
Преостанатите 65 места во Парламентот ги освои Алијансата за труд и слобода, составена од левичарската Партија на зелените со 61 место и Работничката партија со четири места.