Во Република Туркије денеска со бројни настани, програми и активности се одбележува 29 октомври, Денот на Републиката и 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије.
Денот на Републиката се слави низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмарас.
Делегација предводена од претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, по повод 29 октомври го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
Националниот празник Денот на Републиката во Туркије се слави на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година.
Републиката беше прогласена од воениот водач Мустафа Кемал Ататурк, кој тогаш беше избран од Големото национално собрание на земјата за прв претседател на модерна Туркије.
Еден од најголемите национални празници е обележан со низа настани ширум земјата, вклучително и положување венци на Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.