Двајцата лидери претседаваа со 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије - Катар во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара / Photo: AA

Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад aл Тани, денес беа потпишани осум договори меѓу двете земји.

Двајцата лидери претседаваа со 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије - Катар во Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

По средбата се одржа церемонија на потпишување.

Потпишани се осум договори, и тоа: - Договор за соработка во областа на хуманитарната помош ; Меморандум за разбирање за соработка во областа на документи и архиви; Меморандум за разбирање за соработка во областа на медиумите и комуникациите; Програма за имплементација за годините 2025 и 2026 во областа на младите и спортот; Договор за соработка во областа на меѓународниот патен превоз на патници и стоки; Декларација за намери за олеснување на трговијата; Договор за техничка соработка меѓу министерствата за одбрана и Договор за воена соработка меѓу министерствата за одбрана.

Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот катарски колега, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, исто така, ја потпишаа декларацијата за 10. состанок на Високиот стратешки комитет Туркије - Катар.

AA
Популарни