erdogan sco

Анкара вложува „искрени напори“ да заврши кризата во Украина и да овозможи извоз на жито во Африка, порача турскиот претседател Ердоган.

„Правиме искрени напори да овозможиме житото да стигне до тие на кои најмногу им треба, особено на нашите браќа и сестри во Африка“, рече Ердоган на Самитот на Шангајската организација за соработка (СЦО) во Самарканд, Узбекистан.

Туркије ќе ја засили соработката со блокот од регионот на повисоко ниво со заеднички напори, потенцира Ердоган, додавајќи дека Анкара работи на тоа да ги засили односите со Азија на секое поле.

„Благодарение на нашиот статус како партнер за дијалог во последната декада, ова место стана еден од нашите прозорци кон Азија“, вели тој.

Претседателот додаде дека Туркије е „најдарежливата земја“ на светот со распоредување на околу 1 отсто од националниот приход во хуманитарна помош.

Ердоган исто така беше дел од „фемили“ фотосесијата на самитот.

Организацијата СЦО е формирана во 2001 година     Фото:  AA

Најголемото регионално тело

На самитот се собраа светски лидери за прв пат по пандемијата со Ковид-19 во 2020 година, вклучувајќи ги турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, иранскиот Ебрахим Раиси, азербејџанскиот Илхам Алиев, претседателите на Узбекистан, Таџикистан, Киргистан и Монголија и премиерите на Пакистан и Индија.

Туркије учествува на претседателско ниво за прв пат откако на Анкара и беше доделен статус на партнер во дијалогот на СЦО во 2012 година.

Освен Азербејџан, партнери во дијалогот на групата се Камбоџа, Непал, Шри Ланка и Ерменија.

Осумчлената организација, основана на 15 јуни 2001 година, има за цел да ги зајакне пријателските, добрососедските односи и меѓусебната доверба меѓу земјите-членки.

По потпишувањето на меморандум за разбирање во Самарканд, регионалната групација ќе го прифати Иран како нејзина следна постојана членка на почетокот на следната година.

Евроазискиот политички, економски и безбедносен сојуз е основан од Кина, Русија, Узбекистан, Казахстан, Киргистан и Таџикистан во 2001 година и е призната како најголема регионална организација во светот, со осум членки и четири земји набљудувачи.

Пакистан и Индија станаа полноправни членки во 2017 година.

TRT World
Популарни