Наведено е дека пожарот избувнал како последица на реновирање во ноќниот клуб, иако не се наведува точната причина / Photo: AA

Најмалку 15 лица загинаа, а 8 се повредени, од кои 7 потешко, во пожар што избувна во вторникот во ноќен клуб под повеќекатна зграда во истанбулскиот кварт Бешикташ.

Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во ноќен клуб лоциран на кат -1 и -2 во зградата од 16 ката на улицата Јилдиз Поста, во населбата Гајретпе.

На местото на пожарот пристигнале бројни противпожарни екипи и екипи на итната помош.

Наведено е дека пожарот избувнал како последица на реновирање во ноќниот клуб, иако не се наведува точната причина.

„Во пожарот животот го загубија 15 лица, а вкупно осум лица се повредени, од кои седум потешко. Повредените се префрлени во болниците во регионот“, соопшти Кабинетот на гувернерот.

AA
Популарни