Вториот круг на изборите знак за енергичност на турската демократија / Photo: AA

Туркије ќе оди на втор круг на изборите за претседател на 28 мај, бидејќи актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган доби 49,5 отсто од гласовите, малку помалку од прагот од 50,1 отсто со кој можеше да прогласи победа. Неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу обезбеди само 44,89 отсто од гласовите на гласањето во неделата.

За политичките аналитичари, одржувањето на вториот круг од изборите во земјата е доказ за нејзината посветеност за одржување на демократијата.

„Големото мнозинство Турци на изборите ја докажаа длабоката традиција на демократијата во земјата“, изјави за ТРТ Ворлд д-р Озден Зејнеп Октав, професорка на Катедрата за меѓународни односи на Универзитетот Медениет во Истанбул.

Во неделата се натпреваруваа вкупно повеќе од 30 политички партии и 150 независни кандидати за пратеници.

Омер Челик, портпаролот на АК Партијата истакна дека за одржувањето на изборите во Туркије „најголемото богатство е тоа што граѓаните одлучуваат кој ќе управува и ќе ја води земјата“.

Вкупно 64,1 милиони луѓе се регистрирани за гласање во земјата, а околу 5 милиони првпат имаа можност да гласаат. Исто така и 1,7 милиони од дијаспората во земјата беа регистрирани за гласање од странство. Во Туркије имаше 192.000 гласачки кутии, а гласањето во неделата беше затворено околу 17 часот.

Според поранешниот американски амбасадор Метју Брајза, високиот одѕив на гласачите во Туркије (89%) „е навистина голем развој за демократијата во Туркије и на бројки како овие им завидуваат и во Соединетите држави каде што за добра и висока излезност на изборите се смета д65%“.

Истакнувајќи го високиот одѕив на гласачите, Брајза, кој е поранешен функционер во Белата куќа и висок функционер на Стејт департментот, сугерира дека тоа „покажува колку е важна демократијата за граѓаните во Туркије“.

Некои анкети предвидуваа победа на Киличдароглу, додека Брајза нагласува колку тие можат да бидат „озогласено неточни“, правејќи споредба со претседателските избори во САД во 2020 година кои беа „ужасно неточни“ и изборите во 2016 година.

„Значи, воопшто не сум изненаден што анкетите [мислењето] се покажаа како неточни на овие турски избори што го ставија Кемал Киличдароглу пред претседателот Ердоган. Мислам дека нема ништо злобно во тоа - мислам дека тоа е само честа појава дека анкетите на јавното мислење во многу земји, вклучително и во Соединетите држави во последниве години, се неточни“, вели Брајза.

Сепак, Октав тврди дека „резултатите докажаа дека надворешните истражувања на јавното мислење и вестите против Ердоган покриени од странските медиуми не ја одразуваат вистината. Освен тоа, таквите анкети и вести ја зајакнаа идејата дека Киичдароглу е агент на Соединетите држави. Ова доведе до намалување на престижот на Киличдароглу во очите на многумина во Туркије“.

На 28 мај ќе се одржи за првпат втор круг на избори според новиот изборен систем на Туркије. Двајцата фаворити во претседателската трка, претседателот Ердоган и Киличдароглу го изразија својот оптимизам, верувајќи дека и двајцата можат да победат.

Брајза го опишува тоа како „знак за живос на турската демократија, дека и двајцата кандидати, и Киличдароглу и Ердоган веруваат дека можат да победат во вториот круг од претседателските избори. И, исто така, мислам дека е добро, многу добро во споредба со Соединетите Држави дека актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано вели дека ќе го почитува исходот од изборите и повторно сега гледаме дека го поздравува вториот круг“.

Брајза сугерира дека „ова е во остра контраст со Соединетите Држави каде што дури и сега, дури и по предизвикувањето на бунтот на 6-ти јануари на Капитол Хил, кој го доведе во прашање опстанокот на американските демократски институции и беше толку срамно“.

Преку Атлантикот, Брајза нагласува како претседателот Доналд Трамп „од минатата недела одбива да каже дека ќе ги прифати резултатите од претседателските избори во 2024 година, какви и да се тие, на прашањето на новинарката на Си-Ен-Ен Кејтлан Колинс минатата недела, тој прецизираше дека ќе ги прифати резултатите, доколку изборите се фер“.

Истакнувајќи како претседателот Доналд Трамп погрешно тврдел дека изборите во 2020 година биле украдени и „сугерира дека изборите во 2024 година би можеле да бидат нефер и ако тој изгуби, тоа ќе биде затоа што изборите биле украдени. Примерот што го постави претседателот Ердоган е во остар контраст со срамниот пример на Доналд Трамп“, вели Брајза.

Со одржувањето на претседателските избори во Туркије во 2023 година, Октав ја нагласува важноста на годината во однос на основањето на земјата.

„Изборите во 2023 година значат многу за Турците бидејќи (годината) 2023 година е 100-годишнина од турската Република. Освен тоа, многумина веруваа дека АК Партијата ќе ги загуби изборите бидејќи владееше повеќе од 20 години и беше под големи критики. поради големата инфлација и економските проблеми“, вели таа. „Интересно се случи токму обратното и АК партијата го доби мнозинството во парламентот.

TRT World
Популарни