„Ги повикувам нашите граѓани, кои не биле во можност да гласаат, да ја искористат оваа можност“, рече турскиот претседател.      Фото: АА

Заврши гласањето во дипломатските претставништва на Република Туркије, каде што граѓаните од 20 мај можеа да гласаат за вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 28 мај.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган сподели објава за гласачите во странство што гласаа во вториот круг од претседателските избори.

„Процесот на гласање во странство, кој почна на 20 мај, заврши. Би сакал да му се заблагодарам на секој од моите браќа што гласаа, одразувајќи ја својата волја и кои гордо ја претставуваат нашата нација во целиот свет, иако се далеку од својата татковина“, рече Ердоган.

Граѓаните на граничните премини и на аеродромите ќе можат да гласаат до затворањето на редовните избирачки места, во недела на 28 мај до 17 часот.

„Ги повикувам нашите граѓани, кои не биле во можност да гласаат, да ја искористат оваа можност“, рече турскиот претседател.

Како што истакна, и во вториот круг претседателски избори одѕивот е рекорден, како и на изборите на 14 мај.

„Ја извршивте вашата граѓанска должност на најдобар можен начин“, додаде Ердоган.

Во вториот круг од претседателските избори се актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,5 отсто од гласовите, и лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу, кој во првиот круг освои 44,89 отсто од гласовите.

Народна алијанса на Ердоган предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) освои мнозинство во Парламентот во првиот круг.

AA
Популарни